10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Малески: Кога политичарите велат дека нема да поддржат уставни измени треба на ум да имаат дека младите сакаат да се дел од ЕУ

Политичарите со своите дневно политички изјави не треба да ја ставаат државата во неизвесност во однос на европскиот пат, коментира за ‘Локално’ Блажен Малески од младинската организација „Реактор“ по говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред младите сили на партијата, откако повтори дека ВМРО -ДПМНЕ нема да дозволи уставни измени.

– Опасно е мислам да се игра со иднината на државата, особено за европскиот пат кој мнозинството на граѓаните го поддржува и не би требало тоа да биде тема на дневно политички препукувања. Ако генерално политичките партии и политичарите кажуваат дека не подржуваат уставни измени треба да имаат на ум кои се последиците од можното неподржување на уставните измени, зашто генерално младите посакуваат државата да стане дел од ЕУ, но пред се со реформи кои што и тие би ги почувствувале“, вели Малески.

Осврнувајќи се на истражувањата кои покажуваат дека кај младите кои помалку веруваат дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, повеќе расте желбата да се иселат, Малески ја нагласува важноста за потребата властите да ги земат вистински конците во свои раце и да ја забрзаат промената на условите дома.

Тој порача дека на младите им треба извесна европска иднина. Според него политичарите треба да понудат поинаква опција за патот на државата, посочувајќи дека уставните измени претставуваат можност за придвижување на земјата кон Европската Унија.

– Проблемите се таложат. Тука лежи проблемот, ЕУ нема да не реформира, тоа е и на нас. Кога политичарите веќе дават такви изјави дека нема да ги поддржат уставните измени кои се потребни за Македонија да го продолжи нејзиниот пат, треба да кажаат ако одат по тој пат да понудат која е алтернативата за државата. Вака само со изјави за недавање поддршка за уставни измени личи дека се е во функција на дневно препукување за исполнување на партиски цели, а тоа е доѓање на власт, вели Малески.

Спонзорирано: