20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Илиевски: Секое задоцнување од патот кон ЕУ ги обесхрабрува младите

Зоран Илиевски, извршен директор на Коалиција на младински организации „СЕГА“ за „Локално“ коментира дека нема друг пат освен тој пат кон ЕУ и смета дека секое задоцнување со членството во ЕУ ги уназадува и ги обесхрабрува младите. Тој ова го кажа коментирајќи го вчерашниот говор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред младите сили на партијата, откако повтори дека ВМРО -ДПМНЕ нема да дозволи уставни измени.

– Дел од секојдневието е токму незадоволството од ситуацијата во која живеат младите и затоа решаваат да заминат од земјата. Членството во ЕУ значи и развој на државата и задржување на младите кај нас. Условите кои ќе ги договорат политичарите се договори за идните генерации. Сепак сметам дека од важност за младите е преговорите да отпочнат, да се врати нивната доверба и да се искористи нивниот потенцијал овде кај нас, истакна Илиевски.

Политичарите донесуваат одлуки кои се битни за младите и за граѓаните, продолжува тој, но многу побитни за иднината, која се помалку младите ја гледаат токму поради ваквите политики кои ги имаме во изминатите 30-тина години.

Спонзорирано: