Centar.mk
МОЗАИК

„Бадвајзер“ подарува илјадници лименки пиво поради забраната за послужување алкохол на Светското првенство во Катар

Американската компанија за пиво „Бадвајзер“ (Budweiser), еден од официјалните спонзори на Светското првенство во фудбал, се најде во неволја поради забраната на Катар да се служи алкохол на сите стадиони. Затоа се одлучиле на интересен маркетиншки потег.

Добивај вести на вибер
Поради забраната за послужување алкохол на стадионите во Катар, Бадвајзер сега може да служи само безалкохолно пиво и затоа на својот Твитер објави дека ќе ги донира сите залихи од пиво што му беа доставени во Катар на победникот на Светското првенство.

„ Нов ден, нов твит. Победничкиот тим ќе добие пиво. Кој ќе го освои?” се вели во објавата на Бадвајзер на Твитер.

Бадвајзер требаше да обезбедува пијалоци на стадионите и фан зоните во Катар, но челниците на ФИФА попуштија под притисок на катарските власти и потврдија дека алкохолот нема да се продава на ниту еден стадион, што би можело да ја чини компанијата за пиво колку 40 милиони фунти.

Можеби ќе ве интересира

1 јануари носи емоционален и животен пресврт – Детален дневен хороскоп за привот ден од 2026-та

ДЕСК

ПО ТЕШКАТА ГОДИНА: Јануари им враќа сѐ што изгубија: овие хороскопски знаци ќе пливаат во пари

ДЕСК

Дали пиете кафе на празен стомак? Еве што треба да знаете

C +