20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Серија приведувања во Македонија

На 18.11.2022 во 18.45 часот во с.Петровец, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(20) с.Трубарево, скопско. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 197 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Денеска (19.11.2022) во 02.10 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.У.(25) и М.Б.(25), двајцата од Скопје. По претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција извршиле контрола во објект за игри на ул.„Аугуст Цесарец“, сопственост на Д.У., каде М.Б. бил вработен. Притоа, биле пронајдени и одземени ранец со марихуана, повеќе ќесички со марихуана, таблета, две дробилки и дигитална вага. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.11.2022 во 08.45 часот на ул.„Тиквешко востание“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода П.М.(40) и Р.Ф.(36), двајцата од Кавадарци, затоа што при преглед кај нив, кај П.М. биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и поголем износ на пари во различни апоени. Подоцна, со судска наредба наредба, бил извршен претрес во домот на П.М., при што биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, дигитална вага и други предмети со остатоци од прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.11.2022 во 14.30 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Б.Б.(20) од Кичево. Тој се сомничи дека претходно од куќа во изградба во населба Доло Пашино во Кичево одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.11.2022 во 16.35 часот на ул.„Браќа Ламески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.А.(30) од Прилеп. Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект, при што одзел повеќе производи. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.11.2022 во 23.15 часот на ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска (19.11.2022) во 02.20 часот на ул.„Димитар Илиевски Мурато“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.А.(29) од Битола, затоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја, повеќе таблети, шише со течна материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.11.2022 во 01.20 часот на ул.„Венјамин Манчуковски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.П.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска (19.11.2022) во 02.20 часот на ул.„Волгоградска“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.М.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.11.2022 во 14.05 часот во населба Дреновец-Порој во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Б.(23), А.Л.(19), Д.С.(18) и Д.Р.(18), сите од Тетово, затоа што во нивна непосредна близина била пронајдена и одземена марихуана, која ја фрлиле откако ги забележале полициските службеници. Исто така, при нивен преглед, кај Б.Б. бил пронајден метален боксирач. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.11.2022 во 14.43 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека кај осуденикот А.К.(37) била пронајдена марихуана. Исто така, на 18.11.2022 во 14.50 часот, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во ходникот на едно од одделенијата била пронајдена прашкаста материја. Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје извршиле увид, а дрогата била одземена за понатамошна постапка. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.11.2022 во 01.30 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.З.(46) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. Против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

Спонзорирано: