Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarМакедонија

Полицијата “упадна” во кафичи и обложувалници во Скопје, Битола, Охрид, Тетово… – Има уапсени

Денеска (19.11.2022) во периодот од 00.00 до 04.00 часот, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција на подрачјата на СВР Скопје, СВР Битола, СВР Охрид, СВР Куманово, СВР Штип, СВР Велес и СВР Тетово спроведоа акциска контрола во угостителски објекти за присуство на малолетници после 00.00 часот, како и точење алкохол на малолетници.

Притоа, на подрачјето на СВР Скопје била извршена контрола во пет спортски обложувалници, а на подрачјето на СВР Велес контролата била спроведена во координација со претставници на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи.
При контролите било констатирано едно кривично дело по член 215 од Кривичниот законик и еден прекршок по член 80 од Законот за оружје, како и осум прекршоци по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и еден по Законот за лична карта.
На 19.11.2022 во 02.00 часот, при контрола во казино на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, од слобода бил лишен К.М.(41) од Тетово, кај кого била пронајдена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Истовремено, во истото казино, кај лицето А.Ј.(24) од Тетово бил пронајден и одземен нож. Против него ќе биде поднесок по член 80 од Закон за оружје.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
Ова се сите неработни денови за новогодишните и божикните празници во 2023 година

Со доаѓањето на крајот на старата 2022 година, многумина се прашуваат кои се неработните денови кои следат во декември и јануари со цел да си го испланираат слободното и празнично… Прочитај повеќе

Зеленски: Не му дозволуваме на непријателот да ги исполни своите намери, Русија бележи големи загуби

Украинскиот претседател Володимир Зеленски (Зеленски) зборуваше во ново видео обраќање во кое изјави дека ситуацијата на фронтот е многу тешка. – И покрај екстремно големите руски загуби, окупаторите се обидуваат… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе