5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Фотоволтаичните централи ги намалуваат производствените трошоци на фирмите

За време на посетата на компанијата ‘Подгорка’ премиерот Димитар Ковачевски истакна дека Владата одговорно менаџира со буџетот.
-Токму со тој пристап ние изминатиов период можевме ги вратиме парите на граѓаните кога е тоа најмногу потребно и да обезбедиме два пакети антикризните мерки заштита на најранливите граѓани, во вредност од над 760 милиони евра.

-Токму затоа можевме да обезбедиме и ликвидност на компаниите со што ги заштитивме работните места, а и континуирано да обезбедуваме 80% субвенционирана струја како и евтина струја за да има непречено функционирање на виталните фунции на државата, изјави Ковачевски.

Според премиерот, со истото тоа одговорно однесување, изминатиов период било обезбедено и зголемување на минималната плата на 18.000 денари, зголемување на пензиите, на платите во образование, во полиција, во здравството и се обезбедува континуирано зголемување на просечната плата.

-Со истиот овој одговорен пристап пристапуваме и кон енергетската трансформација која ни е толку многу потребна особено во ова време на недостаток на енергенси. Подгорка има основна дејност во месната индустрија, но во време на една од најстрашните енергетски криза успеа да ги намали производствените трошоци благодарение на инвестицијата во фотонапонска централа која ја има инсталирано уште при градба на погонот. Тоа им е воедно и една од најисплатливите нивни вложувања, за кои еден дел од средствата се обезбедени од ИПАРД 2 програмата. Преку истата таа програма тие го имаат кофинансирано и овој објект кој ние го посетивме денес, рече Ковачевски.

Тој додаде дека од компанијата имаат во план во најскоро време да направат посериозна инвестиција – фотоволтаична централа со моќност на производство од околу 1,5 МW часа електрична енергија, што дополнително ќе ги намали нивните производствени трошоци на долгорочен план.

-Важно е сите заедно да го пребродиме овој кризен период. Затоа антикризните мерки не изоставија никого, ќе го зачуваме стандардот на сите граѓани и ќе ги одржиме компаниите ликвидни. Затоа и ги преземаме првите чекори и уверен сум дека ќе ја оствариме нашата визија и ќе обезбедиме вложување во индустриите на иднината кои ќе ни донесат повеќе работни места, подобро платени работни места, ќе ни донесат подобра заедничка иднина, заклучи Ковачевски.