Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

(ФОТО) Полицијата влезе во објект за игри во Скопје: Има приведени, пронајдена е дрога

Денеска (19.11.2022) во 02.10 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.У.(25) и М.Б.(25), двајцата од Скопје. По претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција извршиле контрола во објект за игри на ул.„Аугуст Цесарец“, сопственост на Д.У., каде М.Б. бил вработен.

Притоа, биле пронајдени и одземени ранец со марихуана, повеќе ќесички со марихуана, таблета, две дробилки и дигитална вага.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Распишете референдум, граѓаните да одлучат за иднината на земјата

ДЕСК

Пратеничката Лукаревска на настани на ПССЕ во Атина посветени на човековите права и инклузијата

ДЕСК

СДСМ: Уште само еден ден до неисполнување на ветувањата на Мицкоски за Реформската агенда

ДЕСК