Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски вo „Клик плус“ на Тв 21: Ефикасноста во сузбивањето на нелегалната трговија со дрога е зголемена, уништивме над 10 тони дрога пред два месеци

Во емисијата „Клик плус“ на Тв 21, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на прашањето колку позорникарите делуваат превентивно во делот на спречувањето на присуството на дилери на дрога во близина на училишта, потенцира дека полицијата делува и превентивно и репресивно и дека е евидентно дека ефикасноста на полицијата е зголемена.

„Ако ги погледнеме извештаите можеме и да забележиме конкретни податоци колку улични дилери се уапсени. Не само околу училиштата, било каде во градот. Минатата година имавме 23 уапсени дилери во еден ден на подрачјето на СВР Тетово. Ефикасноста на откривачката дејност е зголемена. Пред неполни два месеци имавме најголемо уништување на количина на дрога. Уништивме околу 10 300 килограми“, потенцира Спасовски.

Министерот Спасовски дополни дека најголемиот број од случаите со заплена на поголема количина дрога биле меѓународни транспорти, односно преземени дејствија за прекинување на ланци на меѓународен транспорт.

Можеби ќе ве интересира

ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

C +

Уапсени 34 возачи, изминатите два дена 1.026 сообраќајни прекршоци

C +