Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Нуредини ќе се приклучи на акцијата за засадување на садници на локацијата во непосредна близина на селото Боговиње

Mинистерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман, постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан и градоначалникот на општина Боговиње Бесник Емшиу ќе се приклучат на акцијата за засадување на садници на локацијата во непосредна близина на селото Боговиње.

Во акцијата, што има за цел да ја подигне свеста и да ги развива позитивни навики кај учениците од најмала возраст ќе бидат вклучени: ОУ „Сами Фрашери” од Пирок, ОУ „Абдил Фрашери” од Боговиње, ОУ „Сабедин Бајрами” од Камењане, ОУ „Дервиш Цара” од Долно Палчиште и ОУ „Лирија“ од Жеровјане.

Актцијата е во рамки на проектот за подобрување на отпорноста на поплави во полошкиот регион финансиран од Швајцарската влада, а инмлементиран од Програмата за животна средина на Обединетите Нации и Министерството за животна средина и просторно планирање.