Во Белград со нашите пријатели од Отворен Балкан разговаравме за заедничко надминување на енергетската криза. Ги претставивме можностите за инвестирање во зелена енергија. Нашата земја има многу направено за изминатите 10 месеци во овој дел на што сум особено горд. Пред бизнис заедницата од Норвешка, со гордост кажав дека Македонија станува држава на зелена енергија. Рече вечерва Ковачевски од трибината во Кичево
Ковачевски додаде дека само во овој краток мандат во Владата се инсталирани 27 мегавати фотонапонски централи во државата. За 11 мегавати повеќе од она што беше направено вкупно за 11 години претходно, во времето на ВМРО-ДПМНЕ односно за 10 месеци повеќе отколку за 11 години,
Нашата иднина во производството на електрична енергија ја гледам токму во обновливите извори на енергија. Еден од тие капацитети е овде во Кичевско во електраната Осломеј, рече претседателот Ковачевски.
Токму тука со инвестиција во фотонапонската електрана од десет мегавати, сопственост на ЕСМ, која се изгради на поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“ ја започнавме енергетската транзиција на државата. И што е уште поважно, ова е прва во енергетската транзиција од електрана на јаглен во чиста енергија во регионот. Дополнително работиме и на нови, веќе е објавен и јавен повик за изградба на уште 10 мегавати на истото место, во сопственост на ЕСМ, истакна Ковачевски.
-Неодамна почна со работа најголемата фотонапонска централа со капацитет од 17 МW, изградена од страна на компанијата од Словенија („Ген-И“). Овој проект е доделен врз основа на првите транспарентни постапки за премиум тарифи кој е спроведен токму од владата предводена од СДСМ. Во наредните две години, треба се пуштат во употреба сите 130 мегавати на фотонапонски електрани, по пат на премиуми за кој се потпишани договори во изминатите две години. Е тоа значи одговорен, ефикасен пристап кон енергетиката, сектор во кој 30 години никој не вложуваше и никој не се грижеше, рече вечерва на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Кичево.