6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски од Кичево: Обезбедувме топли училници во речиси 500 училишта и силна поддршка за бизнисот

„Десет месеци ја предводам проевропската коалициска Влада и оваа голема партија, СДСМ. Работевме напорно, ден и ноќ и успеавме да реализираме најголеми антикризни мерки во регионот, вредни 760 милиони евра. Факт, потврден и од Светската банка. Обезбедувме топли училници во речиси 500 училишта и силна поддршка за бизнисот“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Кичево.

Тој додаде дека нема ништо поважно за него од тоа оваа зима да се помине заедно и никој да не остане назад.

„Уште во првите 100 дена од мандатот ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари. За една година пензиите за сите 330.000 пензионери ги зголемиваме за 16%. Ја субвенционираме сметката за струја за сите домаќинства и за 72.000 компании, ранливи семејства и тоа во висина од 80% од реалната цена“ рече Ковачевски.

Премиерот потенцираше дека антикризните мерки вродија со плод, цените на храната почнаа да се намалуваат и тие ќе продолжат да се намалуваат.

„Имаме храна и енергија доволно во тешки услови за целиот свет. Нашиот енергетски и топлински капацитет е безбеден за оваа зима. Така е кога се има соодветен план, кога се работи напорно и кога знаењето се преточува во реални политики за земјата и граѓаните“ рече Ковачевски.

Спонзорирано: