Во присуство на кадарот, студентите, членовите на семејството и поканетите гости, Универзитетот на Југоисточна Европа со свечена церемонија денес (18.11.2022 година) ја одбележа 21. годишнина од основањето. На оваа свеченост беа промовирани и новите доктори на науки.
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа во својот свечен говор истакна: „УЈИЕ успешно го продолжува своето патување како единствен тријазичен универзитет, со 40 студиски програми за додипломски студии, над 40 студиски програми од вториот циклус, 3 специјалистички програми и 12 студиски програми од третиот циклус, со вкупно над 4.000 активни студенти.
„Преку континуирано преструктурирање на програмите, оваа бројка значително ќе се продолжи да расте, фокусирајќи се на нови програми во согласност со барањата на пазарот на трудот. Во овој процес на програмско проширување, свесни сме за големото значење на академската „длабочина“ на учење е многу поважна од „широчината“ на програмите и академските профили.“, рече ректорот Беџети. Покрај постигнатото, тој најави и конкретни вложувања во инфраструктурата и обновливите извори на енергија.
„Иако светот сега е во континуирана криза околу три години, нашите инвестициски планови ќе го достигнат својот врв следната година со замена на следната генерација на компјутери (околу 400) и зајакнување на мрежата. Во првите месеци од 2023 година продолжуваат вложувањата во фотоволтаичниот парк со над 5.000 квадратни метри покриви на административни згради и студентски домови со инсталирана моќност од над 1 MWh што ги надминува за 20% потребите за потрошувачка на Универзитетскиот кампус во Тетово за да се компензира за потребите на Кампусот во Скопје. Со ова не само што ќе можеме да станеме енергетски независни, туку и климатски апсолутен редуктор на CO2“
Во оваа насока ректорот Беџети истакна дека мотивацијата и финансиската поддршка на академскиот кадар за истражување и публикации, заедно со апликативните и научни проекти е во релативна пропорција со над 7% од годишниот буџет на УЈИЕ, од кои 3% се од Индивидуалниот фонд за истражување и публикации во списанија и за учество на релевантни научни конференции.
„Ние ќе продолжиме со нашата посветеност на стандардите за обезбедување квалитет, пазарна флексибилност, мултикултурни вредности, постојана интернационализација и дигитализација, меѓууниверзитетска соработка дома и во странство, секогаш потпирајќи се на принципот на конкуренција во соработката.“ рече меѓу другото ректорот во своето свечено обраќање.
Обраќање по повод годишнината имаше и Претседателот на Одборот на Универзитетот, проф. д-р Клаус Тотерман, кој им честиташе на сите вработени, на кои им беше доделена благодарност за 10 години и 20 години работен стаж во оваа институција.
„Денес сите имате силни причини да бидете толку горди на себе. И вашите семејства можат да се гордеат со вас. Лојалноста е целосна по тоа што не е само случаен интерес, туку сесрдна посветеност на некоја кауза. Наспроти ова, особено сум благодарен што вашата лојалност не е само случајна, тукушто имате страст за УЈИЕ. Оваа страст се чувствува во сите области на УЈИЕ и покажува каков треба да биде добар работодавец, како што е УЈИЕ.“, истакна проф. Тотерман.
„Основната идеја на УЈИЕ е да понуди модерен и меѓународен пристап кон учењето и постојано да се приспособува на промените во пристапот кон истражувањето и наставата. Основата за тоа беше единствената соработка меѓу Европа и САД и во оваа прилика мораме да им се заблагодариме на нашите донатори за нивната континуирана поддршка“, рече меѓу другото претседателот Тотерман.
Во текот на церемонијата, ректорот и претседателот на Одборот на Универзитетот симболично им доделија признанија и рачни часовници на вработените кои наполниле 10 години работа, додека на вработените кои наполниле 20 години работа им беа доделени персонализирани сребрени медали.
На свеченоста по повод 21. годишниот јубилеј на Универзитетот беа промовирани и дипломираните доктори на науки, вкупно 13, на кои ректорот Беџети им додели дипломи, за да го одбележат нивното идно патување со печатот на УЈИЕ.
Свеченоста беше придружена и со кратка уметничка програма, изведена од дуетот за класична музика Лулеса Пајазити и Лабинот Абдурамани.