Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

НУРЕДИНИ: Вложениот труд дава резултати – усвоен Законот за заем за финасирање на регионалниот проект за цврст отпад

На денешната 73 Седница на Собранието на Република Северна Македонија, усвоен е Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Регионалниот проект за цврст отпад.
Со изгласувањето на овој Закон ќе се пристапи кон потпишување на Договор со Европската банка за обнова и развој со што ќе може да отпочне долгоочекуваната имплементација на Регионалниот проект за цврст отпад и за прв пат од осамостојувањето ќе се вложи во градење на инфрастуктура за управување со отпад по европски стандради. Обезбедените средства се планирани за воспоставување и развој на регионален систем за управување со отпад во Југоисточен, Вардарски, Пелагониски, Југозападен и Полошки регион, а вкупниот износ на заемот кој ќе го додели ЕБОР изнесува 55 милиони евра. Во рамките на рализација на проект предвидено е изградба на алтернативен пат за сите регионални санитарни депонии.

Очекуваме поради исклучителната важност на проектот за регионот, одобрување на дополнителни грант средства од европски фондови преку Рамката за инвестиции за Западен Балкан (WBIF), а исто така, со завршувањето на првата фаза со имплементација на брзите мерки во Русино исполнет е предусловот за дополнителни 9 милиони швајцарски франци грант од Швајцарија влада.