18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Стипендија од 18.000 денари за студенти на земјоделскиот, шумарскиот и ветеринарниот факултет

Инстаграм објава на Љупчо Николовски:

✅Доделуваме 30 стипендии во износ од 18.000 денари за студенти запишани на додипломски студии од областа на земјоделството, шумарството и ветеринарството.
✅Ги вклучуваме студентите во изработка на програми и закони, преку волонтирање во рамките на #МЗШВ и Управите во состав.
✅Потпишавме Меморандум со Факултетите со што овозможуваме организирање и реализација на практична настава и кариерно унапредување на студентите.
✅Заедно со Факултетот за ветеринарна медицина набавивме софистицирана аналитичка лабораториска опрема за контрола на квалитетот и безбедност на храна

🎓Вие младите сте сегашноста, инвестираме и вложуваме во вашата иднина. Нека е честит Меѓународниот ден на студентите!

Задоволство ми е што денеска заедно со деканите од Земјоделскиот, Шумарскиот и Факултетот за ветеринарна медицина, имаме можност да ви ги презентираме можностите за стекнување со стипендија преку Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард.

Преку оваа програма овозможуваме стипендии за студенти кои се запишани на додипломски студии од прв циклус на Земјоделскиот, Шумарскиот или Ветеринарниот факултет во сите високообразовни установи во државата со месечна стипендија од 18.000 денари , за девет месеци во годината.

За мене токму овие три факултети имаат најголемо значење и придонес во државата, бидејќи создаваат нови генерации млади и стручни академски граѓани, кои со своето знаење треба да помогнат во развој на земјоделскиот сектор, зачувување на шумите, заштита и безбедност на нашата храна, а со тоа и заштита на јавното здравје на граѓаните.

Токму затоа се гордеам со сите сите вие млади луѓе кои сте одбрале да изучувате еден од овие три факултети. Ве охрабрувам да продолжите со своето образование и да придонесете во развојот на нашето македонско земјоделство.

Спонзорирано: