17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Серија апсења низ Македонија, во раце на полицијата паднаа и млади и малолетници – 13 лица завршија со лисици на рацете

На 16.11.2022 околу 14.30 часот на улица „Штипска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.С.(20), А.Б.(24) и А.Е.(18), тројцата од тетовска Голема Речица, затоа што при нивен и преглед на патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. Притоа, Е.С. се однесувал агресивно кон полициските службеници кои вршеле службени дејства. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

На 17.11.2022 во 01.20 часот на подрачјето на Центар-Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.11.2022 околу 12.00 часот на улица „Мара Угринова“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода М.А.(60) од Гостивар, затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот и против него ќе следува поднесок.

На 16.11.2022 во 22.00 часот на автопат кај с.Идризово, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(27) од с.Желино, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.11.2022 во 12.30 часот на подрачјето на Центар-Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.11.2022 во 09.30 часот на подрачјето на Чаир-Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.И.(18) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.11.2022 во 22.30 часот на подрачјето на Центар-Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.П.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.11.2022 на ул.„Панко Брашнаров“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.11.2022 во 22.50 часот во с.Лозово, светиниколско, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Д.М.(24) од Велес, затоа што кај него била пронајдена марихуана, а при приведувањето физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 16.11.2022 околу 16.00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово кај Е.И.(18) од тетовско Боговиње пронашле и одзеле нож. По документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по Законот за оружје.

На 16.11.2022 во 18.15 часот на Граничниот премин Табановце, од слобода бил лишен М.Г.(35) од Република Србија, затоа што при извршената проверка било констатирано дека бил на стоп листа на Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Спонзорирано: