Министерството за животна средина и просторно планирање продолжува со обезбедување средства и реализација на капитални инфраструктурни проекти што ќе обезбедат не само заштита на животната средина, туку и директно ќе влијаат во подобрување на условите за живеење на граѓаните во целата држава, како и за идните генерации.
Во изминатиов три години преку МЖСПП средствата за вакви проекти се повеќратно зголемени, а интензивно се работи на изнаоѓање на средства од донатори.
Во системот за јавни набавки вчера е објавен проектот за регулација на ободен канал во н.м. Арачиново финасиран од Буџет на МЖСПП. По изборот на изведувач за реализација на овој значаен капитален проект за жителите од ова населено место, ќе започнат и изведбените работи.
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) активно работи на реализацијата на сет од проекти чијашто основна цел е развивање на современа и функционална водоводна инфраструктура. Во тек е изградбата на мрежа за водоснабдување во н.м. Пирок, о. Боговиње. Дополнително, во подготвителна фаза е започнувањето на изведбените разботи за изградба на канализациона мрежа во н.м. Страчинце о. Гази Баба; реконструкција на системот за водоснабдување во општина Богданци; реконструкција на филтер станица на вода за пиење во општина Берово, како и изградба на мрежа за водоснабдување во н.м Никуштак и н.м Виштица во општина Липково.
МЖСПП континуирано соработува за апсорбирање на претпристапната помош од европските фондови. Во тек се подготовките за започнување на активностите од проектот ГЕФ 7, одобрен со вкупен буџет од 4.070.500 долари. Главна цел на проектот е зајакнување на националните и локални капацитети за постигнување на целите за неутралност и биодиверзитет од деградација на земјиштето во Северна Македонија, преку демонстрација на интегрирано управување со пејзажот во пилот-областа Шар Планина и поддршка за национална репликација.
„Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина Кичево“ проектот пак е дел од Секторската повеќегодишна оперативна програма за животна средина и климатска акција 2014-2020 за ИПА 2. Проектот е во финална фаза на евалуација и во најскоро време се очекува да почне реализацијата на изведбените работи.
Дополнително, МЖСПП ја објави тендерската постапка за реализација на проектот „Изградба на ПСОВ и санација и надградба на канализациона мрежа во општина Битола“, чијашто изградба очекуваме да започне во најскоро време. Во финална фаза се и подготовките за започнување на тендерската постапка за проектот “Воспоставување на интегриран и самоодржлив систем за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“.
Министерството за животна средина и просторно планирање посветено и одговорно работи на реализирање на програмските активности коишто се дел од зелената агенда како одржливи решенија за заштита на животната средина, подобри услови за живот на граѓаните и градење на капацитети од коишто ќе имаат бенефит и идните генерации.