21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Апасиев е закана за европскиот пат, Мицкоски е обезличен заложник

Соопштение на Сдсм:
Вистинска опасност за продолжување на европскиот пат на нашата држава доаѓа од Левица, партијата предводена од Димитар Апасиев, која што во својата програма се противи на ЕУ, на членство во НАТО.

Опасноста е поголема затоа што Левица го зема во заложништво Христијан Мицкоски и самата партија ВМРО-ДПМНЕ. Причина за тоа е што Мицкоски е слаб, без став, без визија, без одлучност, лесен плен за заложништво.

Токму тоа се случува во моментов во македонската опозиција – идеолошко обезличување на ВМРО-ДПМНЕ, дејствување без компас со единствена цел, да и се наштети на земјата.

Апасиев и Мицкоски заедно сакаат да ја доведат земјата до раб на провалија.

СДСМ и демократските сили во државата нема да дозволат европскиот пат да биде прекинат, започнати се преговорите за членство, скринигот е во тек.

Државата ќе продолжи по патот на интеграциите се до полноправно членство во ЕУ, затоа што тоа е гаранцијата за стабилна и сигурна иднина.

Спонзорирано: