Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Клиничката болница Жан Митрев целосно ги демантира информациите пласирани во медиумите за продажба на клиниката на извесен бизнисмен од Република Албанија

Клиничката болница Жан Митрев целосно ги демантира информациите пласирани во медиумите за продажба на клиниката на извесен бизнисмен од Република Албанија, велат од ЖАН МИТРЕВ КЛИНИК.

– Шпекулативните, нарачани и тенденциозни објави за продажба на Клиниката Жан Митрев, имаат јасна интенција, но укажуваме дека под никаков притисок Клиниката нема да биде ставена на продажба.

Официјален и единствен сопственик е д-р Жан Митрев, кој и покрај обидите за дискредитација и црна кампања со цел да се наштети на клиничката болница Жан Митрев и стручниот тим од доктори и медицински лица во изминатиот период, ја води оваа болница и ќе продолжи да раководи со истата транспарентно и одговорно како што и било пракса во изминатите 22 години постоење на Клиничката болница Жан Митрев, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК