Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Средба Османи – Филипиду

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваната вонредна и ополномоштена амбасадорка на Хеленската Република во Република Северна Македонија, Софија Филипиду.

Посакувајќи ѝ добредојде и успех во вршењето на функцијата, Османи ја пренесе убеденоста дека позитивната динамика во односите меѓу двете пријателски земји ќе продолжи и за време на нејзиниот мандат.

На средбата беа потврдени блиските односи и плодната трговска размена меѓу двете држави, подготвеноста за активна и отворена соработка во насока на натамошно унапредување на севкупната билатерална соработка, како и важноста на целосна имплементација на договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји – Преспанскиот договор, кој отвори едно ново поглавје во односите меѓу Северна Македонија и Грција.

Министерот Османи изрази благодарност за цврстата поддршка на Грција за евроинтегративниот пат на Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +