Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Средба Османи – Филипиду

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваната вонредна и ополномоштена амбасадорка на Хеленската Република во Република Северна Македонија, Софија Филипиду.

Посакувајќи ѝ добредојде и успех во вршењето на функцијата, Османи ја пренесе убеденоста дека позитивната динамика во односите меѓу двете пријателски земји ќе продолжи и за време на нејзиниот мандат.

На средбата беа потврдени блиските односи и плодната трговска размена меѓу двете држави, подготвеноста за активна и отворена соработка во насока на натамошно унапредување на севкупната билатерална соработка, како и важноста на целосна имплементација на договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји – Преспанскиот договор, кој отвори едно ново поглавје во односите меѓу Северна Македонија и Грција.

Министерот Османи изрази благодарност за цврстата поддршка на Грција за евроинтегративниот пат на Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

МВР: Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола и двајца со активна забрана

ДЕСК

Хрватски искуства за македонскиот европски пат – средба на Филипче со Дробњак

ДЕСК

Филипче: Не смееме да дозволиме српско и руско влијание да ја оттурне Македонија од ЕУ

ДЕСК