10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Претседателот Азески со тим од Комората ќе учествува на SUBEX саемот, ќе присуствува и на настан „5 години Саса&CAML“

Ве известуваме дека на 15.11.2022 година (вторник) делегација на Стопанската комора на Северна Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески ќе учествува на бизнис настанот „SUBEX-Suppliers Balkan Expo“, кој се реализира со поддршка на Стопанската комора на Северна Македонија, а во организација на Делегацијата на германското стопанство.

На дводневниот саем, кој ќе се одржи во хотелот „Хилтон“ во Скопје, ќе бидат понудени можности за соработка помеѓу германски компании и компании од земјите од Западен Балкан и регионот преку Б2Б-средби, конференција со панели, како и дел за изложувачи.

Саемот е наменет за фирми од лесната индустрија (метало-преработувачка индустрија, пластика, дрво, храна и пијалаци, текстилна индустрија) како и ИКТ секторот во областа на индустријата.

Во текот на денешниот ден Азески ќе присуствува и на свечен настан по повод пет години од преземањето на рудникот Саса од страна на компанијата „Централ Азија Металс“.

Спонзорирано: