7.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Министерот Спасовски на билатерална средба со специјалниот пратеник за миграција на Кралство Холандија, Амбасадорот Јост Кларенбек: Од заеднички интерес е унапредување на соработката во борбата против илегална миграција

Денеска, (15.11.2022), во Министерството за внатрешни работи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари билатерална работна средба со специјалниот претставник на миграција на Кралството Холандија, Амбасадорот Јост Кларенбек во склоп на Министерската конференција којашто се оддржува на 15 и 16 ноември во Скопје во соорганизација на МВР и Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

„Морам да истакнам дека односите на министерствата ги карактеризира висок степен на пријателство и разбирање. Соработката помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за безбедност и правда на Кралството Холандија се одвива на добро ниво. Интерес на МВР на Република Северна Македонија е унапредување на билатералната, мултилатералната како и оперативната меѓународна полициска соработка“, потенцираше министерот Спасовски.

И двете страни заеднички се согласија за повеќе активности во унапредување на билатералната соработка во областите борба против екстремизам и тероризам; борба против трговија со дрога, нови психотропни супстанци и прекурсори; форензика; компјутерски криминал; корупција; прекугранична соработка; обуки, размена на експертиза и поддршка.

Во насока на централната тема на конференцијата, справувањето со илегалната миграција, министерот Спасовски потенцираше пред холандскиот колега дека на 26 октомври оваа година се потпиша Договорот со FRONTEX, иако Република Северна Македонија беше една од првите земји во регионот која го парафира Договорот со FRONTEX. Воедно, министерот Спасовски го информираше за миграциските текови, како и за состојбата на јужната граница. Во однос на бројките со илегалната миграција, министерот Спасовски го нагласи трендот на зголемување за 29,2% на обидите за илегални преминувања со спречени 20.547 обиди најголем дел во период јули – септември оваа година.

Амбасадорот Кларенбек се заблагодари за можноста за средба и учество на конференцијата, му честиташе на министерот за потпишувањето на договорот со FRONTEX и посака негово успешно спроведување.

Во насока на управувањето со миграции како важен елемент во меѓународната соработка, од страна на амбасадорот Кларенбек беше истакнато дека Холандија работи, заедно со ИЦМПД на изработка на платформа за враќање на нелегалните мигранти во земјите на потекло, која е замислена како можност за размена на оперативни искуства и знаење меѓу експерти од ЕУ и регионот – за што амбасадорот Кларенбек побара поддршка за предложената иницијатива и истата ја доби од министерот Спасовски.

На крајот од средбата, министерот Спасовски и амбасадорот Кларенбек заеднички констатираа дека реализирањето на важни активности во областа на меѓународната соработка во борбата против криминалитетот е од голема важност за зачувувањето на безбедноста на двете земји, како и за безбедноста на нашите граѓани, со оглед на тоа дека меѓународната полициска соработка зазема сè позначајна улога во сферата на меѓународната соработка за спречувањето на криминалот, и тоа како класичните, така и современите облици на криминал.

Спонзорирано: