21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерот Бочварски во Брисел на Министерски совет за Транспортната заедница: Потребна е забрзана изградба на транспортните коридори и силна поддршка од ЕУ

Ве информираме дека министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, престојува во работна посета во Брисел, каде учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница за Западен Балкан, чиј домаќин е Европската Комисија и комесарката за транспорт, Адина-Јоана Вален.

На Советот се разговараше за напредокот на имплеметација на акциските планови во делот на патниот и железнички транспорт, транспортното олеснување и подигнување на безбедноста на патиштата во земјите од Западен Блакан.

Во своето обраќање министерот Бочварски ја потенцира стратешката определба на Владата на Република Северна Македонија за изградба на патниот и железнички Коридор 8 со посебен акцент на доизградбата на железничкиот крак Исток – Запад за постигнување на ТЕН-Т стандардите на транспортната мрежа.

На средбата тој го нотираше Коридор 8 како значаен правец за регионалната интеграција и побара од Европската Комисија, истиот да биде вметнат во единствениот Европскиот Коридор за Западен Балкан.

„Имајќи предвид дека и во железничкиот и во патниот Коридор 8 недостасуваат делници кои треба да се изградат односно надградат за да бидат на ниво на барањата на ТЕН-T мрежата, ова бара време, но и огромни финансиски средства. Поддршката од ЕУ, поконкретно од Европската комисија е суштинска. И во оваа прилика ја бараме вашата поддршка во реализирање на нашето барање за влез на нашите коридори во основната ТЕН-Т мрежа, особено на западниот дел од Коридорот 8. Нотираме дека регионалната соработка во Западен Балкан е коориднирана и во однос на реализација за ТЕН-Т Коридорот 8 е на високо ниво.” – се обрати министерот Бочварски.

Како дел од акцискиот план, тој го истакна воспоставувањето на сигурен и безбеден транспорт преку изготвениот нацрт Закон за формирање на Агенција за безбедност како и воспоставувањето на Интелигентниот транспорент систем на Коридор 10. За таа цел побара техничка и финаниска помош од Европската Унија.

„Исклучително би ценеле доколку ни се овозможи техничка помош за Агенцијата за безбедност за континуирана и одржлива поддршка во воспоставувањето и функционирањето на целокупниот систем за безбедност на патиштата во земјата на принциот на т.н. “Safe system approach“. Во исто време би сакал да потенцирам и за огромната потреба од финансиска поддршка во смисла на поголем пристап до грант средства, особено за сложените регионални инфраструктурни проекти.” – истакна министерот Бочварски.

Во делот на постигнување на Целите за услогласеност на Транспортната мрежа со ЕУ, министерот Бочварски нотираше дека Република Северна Македонија напредува со добра стапка која е на нивото како и земјите од Западен Балкан.

На состанокот покрај министерот Бочварски, присуствуваа и министрите за транспорт и инфраструктура од земјите од Западен Балкан, како и претставници од Владата на Грузија, Молдавија и Украина.

Во рамки на Министерскиот совет се потпиша и Декларација за воспоставувње на поблиска соработка во транспортниот сектор меѓу ЕУ, земјите од Западен Балкан и Грузија, Молдавија и Украина како чекор понапред во развојот на меѓународниот транспорт во Европа.

Спонзорирано: