18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Од наредната година ќе биде далеку подобро и заедно ќе успееме во тоа

Уште од наредната година ќе биде далеку подобро и заедно ќе успееме во тоа, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на трибина „Силно и одлуично кон иднината“ во Гостивар.

– Како човек кој 22 години работи менаџмент, кој добро ги познава финансиите и економијата, ви велам дека наредната година ќе биде подобро и заедно ќе успееме во тоа. Заедно ќе ја победиме и кризата наметнатата од глобалните последици поради воената агресија врз Украина, рече Ковачевски.

Резултатите од антиктизните мерки се веќе видливи, потенцираше Ковачевски.

-Ја спасивме економијата со два огромни пакети антикризни мерки вредни 760 милиони евра, најголеми според БДП во регионот, потврдено и од ММФ и од Светска банка. Одговорното менаџираме на народните пари, и во време на толку голема криза, успеавме да обезбедиме и зголемување на платите, на пензиите и силно да ги поддржиме рабливите граѓани и компаниите. Реков дека никој нема да биде оставен сам и никој не е оставен сам. Ви велам дека наредната година ќе биде подобра и ќе биде подобра за сите, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашната трибина во Гостивар.

Спонзорирано: