Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ:ВМРО – ДПМНЕ правеше фигури на Ванчо Михајлов и го заборави Музејот, националното богатсво денеска е сигурно

РЕАКЦИЈА НА СДСМ:

Токму ВМРО-ДПМНЕ 11 години Музејот на Македонија го остави во катастрофална состојба, целиот оставен на забот на времето иако целото национално богатство на државата се наоѓа во депоата на музејот.

Зошто? Затоа што беа посветени на музеи на ВМРО и восочни фигури на Тодор Александров и Ванчо Михајлов.

Прашањето е дали најважниот музеј во земјава ВМРО-ДПМНЕ намерно го остави да пропадне, заради нивниот Музеј на ВМРО.

Галеријата на икони е од непроценлива вредност. Истите тие икони СДСМ ги затекна поплавени во вода но веднаш преземавме соодветни конзерваторски мерки за нивна заштита.

Сега можете да го видите музејот за разлика од тогаш во поинаква слика, бидејќи веднаш се реши проблемот со протекување, се санираше кровот. Највредното културно богатство на државата сега сенаоѓа на сигурно и безбедно.

Она што дополнително ќе се направи е целосна реконструкција во 2023 година, за што веќе се обезбедени и средства во буџетот.

Можеби ќе ве интересира

Ахмети ќе учествува на лидерската средба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

ДЕСК

НОВИ НАЈАВИ НА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ: Повторно дожд, снег и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК