Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи и Џачка со два меморандума за соработка

Во рамките на втората заедничка седница на владите на Република Северна Македонија и Република Албанија, што се одржа во Скопје, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, и министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Олта Џачка, потпишаа два меморандума за соработка меѓу двете институции.

Со меморандумот за соработка во областа на дипломатската едукација се отвораат можности за организација на обуки и предавања на релевантни говорници и дипломати од особена важност во контекст на почнатите преговори за членство на двете земји во Европската Унија.

Со вториот меморандум ќе се овозможи размена на искуства во областа на дигитализацијата на конзуларните услуги. Овој проект во Албанија функционира неколку години, а Министерството за надворешни работи на Северна Македонија е во финална фаза на негово ставање во функција, а со тоа и драстично ќе ги поедностави и скрати постапките за давање конзуларни услуги.

Меѓу другото, Османи и Џачка се осврнаа и на динамиката на билатералните односи, регионалната соработка и ЕУ перспективата на двете земји.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, четири од нив возеле без дозвола, по еден со активна забрана и под дејство на алкохол, а еден под дејство на алкохол и со активна забрана

ДЕСК

Поднесено обвинение за тешка кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“

ДЕСК

Акциска контрола на Мобилната единица, изречени се 39 мерки, едно лице е лишено од слобода и одземено е едно возило

ДЕСК