Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Ковачевски и Рама согласни: Отворен Балкан е оригинална идеја, граници не ни се потребни

„Отворен Балкан не треба никого да плаши, напротив, тоа е оригинална идеја, не само на политичарите, туку и на бизнис заедницата и на граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија“ изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата со неговиот албански колега Еди Рама.

Тој додаде дека кога ќе се погледне на запад од Балканот, таму веќе нема граници, а единствени граници кои се останати се на Балканот.

„На нас тие граници не ни требаат. Ние денес докажавме со Еди Рама, докажуваме и со Вучиќ и со Бугарија и со Мицотакис, дека тие граници не ни требаат“ рече Ковачевски.

Рама се надоврза дека иницијативата „Отворен Балкан“ е само забрзување на Берлинскиот процес и е идеја која ќе остане.

„Берлинскиот процес е една локомотива која што ги влече сите лидери од регионот на едно ново патување. Со Отворен Балкан, Берлинскиот процес само се зацврстува, мислам дека Берлинскиот процес е отворен ама не доживотен, додека Отворен Балкан е навистина доживотен“ рече Рама.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 25,2%, додека СДСМ е втора партија со поддршка од 8,6% од граѓаните

ДЕСК

Манасиевски: Со што е уценет Филипче за да направи ново предавство на Македонија?

ДЕСК

НЕВРЕМЕТО ПОЧНА: Во овие делови од Македонија има засилен пороен дожд, грмежи и сувоградица

ДЕСК