7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Ги засилуваме напорите со Албанија за завршување на патната инфраструктура од Коридор 8

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека денес се поставуваат основите за тоа како ќе се развиваат Северна Македонија и Албанија додека заеднички чекорат на европскиот пат. На заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, Ковачевски посочи дека двете земји се вистински пример за тоа како се градат добрососедски односи, надминувајќи ги актуелните предизвици од глобалната економско – енергерска криза солидарно, како рамноправни членки на НАТО и партнери на САД, во рамки на иницијативата Отворен Балкан, во рамки на Берлинскиот процес и низ унапредувањето на билатералните односи.

Тој се осврна на меморандумите потпишани на денешната втора седница меѓу владите на Република Северна Македонија и Република Албанија, посочувајќи дека поврзувањето на државите е од суштинско значење.

-Затоа, денес потпишавме и Меморандум за разбирање за развој на патната поврзаност помеѓу двете земји. Преку овој Меморандум, ги засилуваме заедничките напори за изградба и завршување на патната инфраструктура во делот од патниот Коридор 8, со цел поврзување на целиот Коридор 8, до 2030 година. Сето ова, кое го правиме денес, нас како земји, и како регион ќе нѐ направи далеку поатрактивни за странските инвеститори, што во крајна линија ќе значи нови фабрики, нови, добро платени работни места, ќе значи дека нашите млади ќе останат тука дома да работат, да си ја градат иднината и понатаму да го развиваат ова што ние денес го почнуваме, нагласи Ковачевски.

Спонзорирано: