Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМАТОП ВЕСТИ

Од понеделник стабилизација, а потоа пресврт – Метеоцентар со детална прогноза за времето за следните 4 дена

Во следните два дена времето ќе биде стабилно со појава на утринска магла по котлините и со ниски минимални температури. Од средината на неделата ќе има зголемена облачност со повремен локален дожд. Утринските температури насекаде ќе бидат над нулата, а дневните ќе бидат без промени.

Прогноза за 15.11.2022
Минимална температура: -2°C до 6°C
Максимална температура: 11°C до 18°C

Сончево со мала до умерена облачност, претпладне со појава на магла или ниска облачност по котлините. Ќе дува слаб променлив ветер.

Прогноза за 16.11.2022
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност по котлините. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови умерен западен ветер.

Прогноза за 17.11.2022
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 10°C до 17°C

Променливо облачно со повремен локален дожд. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Можеби ќе ве интересира

НЕ ПЛАЌАЈТЕ КАЗНИ ПРЕКУ СОМНИТЕЛНИ ЛИНКОВИ – МВР предупреди на измами со „Безбеден град“

ДЕСК

НОВА АНКЕТА ЈА ОТКРИ ПОЛИТИЧКАТА СЛИКА – ВМРО-ДПМНЕ со 24%, СДСМ со 8,5%, еве ги рејтинзите на сите партии

ДЕСК

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК