Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Излета алфа ромео кај Стојаково – Младо момче итно пренесено во болница

Како што информира МВР утрово во 4 часот на локалниот пат с.Богородица – с.Стојаково, патничко моторно возило „алфа ромео“ со гевгелиски регистарски ознаки управувано од А.К.(24) излетало од коловозот.

По несреќата сопатникот Ј.П.(25) е пренесен во Јавна здравствена установа Гевгелија каде му се констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гевгелија, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК