Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Посебен режим на сообраќај во недела (13.11.2022) во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 13.11.2022 (недела) со почеток во 16.30 часот, во организација на Атлетска федерација на РСМ, ќе се одржи атлетска трка со траса од Порта Македонија, плоштад Македонија, ул.“Никола Вапцаров“, десно по ул.“Димитрие Чуповски“ до крстосница со ул.“Даме Груев“ каде се врти полукружно назад по ул.“Димитрие Чуповски“, десно по ул.“11-ти Октомври“ до крстосница со бул.“Кочо Рацин“, каде се врти полукружно и се движат назад по ул.“11-ти Октомври“, десно по ул.“Филип Втори Македонски“, лево по пристапната улица на ГТЦ и десно до целта кај Порта Македонија.

Од тие причини СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар се грижи за најранливите, продолжуваме со бесплатниот транспорт за лицата со попреченост

C +

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање

C +

Герасимовски: Почна реконструкцијата на улицата Мирослав Крлежа, Дебар Маало добива уредена пешачка и резиденцијална зона

C +