7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Михаилоски: СДММ бара од политичките партии едногласно да донесат закон со кој ќе обезбедат здрав оброк за сите студенти!

Сите парламентарни политички партии едногласно да донесаат закон со кој ќе им се обезбеди здрав оброк за секој студент побара Михаилоски, претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија.
“Неопходна е акција сега и тоа без одлагање. Сите политички партии едногласно да донесат закон за здрав оброк за секој студент и во исто време
да покажат и на дело дека се грижат за иднината, не само декларативни и да осигураат со закон стандарди за студенското домување. Потребни се системски решенија без изговор и политички дневно партиски саботажи! “
изјави за Марко Михаилоски.

Преку социјалните мрежи од името на СДММ Михаилоски ја изрази поддршката за студентите.

До сега за студентите средства се издвојуваат од буџетот на државата за субвенциониран студентски оброк, заедно со стипендиите и другите трансфери кои ги добиваат студентите и нивните семејства, со што се влијае врз јакнење на студентскиот стандард и им се овозможуваат на студентите поеднаква шанса за успех и остварување на нивниот полн потенцијал.

Спонзорирано: