Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Трагедија во Куманово: Загина едно лице во тешка сообраќајна несреќа

На 10.11.2022 околу 21.30 часот во СВР Куманово е пријавено дека во с.Пелинце, кумановско, на место викано „Искра“ во „Пчинска Река“, Р.И.(67) од с.Пелинце, додека управувал трактор „Фергусон 539“, се превртел и починал на местото на несреќата. Лекар констатирал смрт, а увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.