Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Охрид тагува: МВР соопшти детали за синоќешната трагедија во која загина едно, а пет други лица се повредени

На 10.11.2022 во 16.35 часот, на магистрален пат Охрид-Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа рио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(57) од Охрид, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.П.(22) од струшко Велешта и патничко возило „поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(39) од Охрид.

На местото на несреќата починал возачот Р.А., а со телесни повреди се здобиле возачот Ш.П., возачот Г.Р. и сопатниците Б.Р.(42), Н.Ј.(43) и И.Ј.(32), сите од Охрид, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид извршија полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Можеби ќе ве интересира

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

ДЕСК

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

ДЕСК

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

ДЕСК