Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Полицијата поднесе кривична пријава: Директор во комуналното претпријатие во Прилеп зел одмор за да работи како келнер во Хрватска

Кривична пријава против прилепчанец за несовесно работење во службата.

СВР Битола – ОВР Прилеп до Основното јавно oбвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против М.А.(46) од Прилеп, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, казниво по член 353-в од Кривичниот законик.

Пријавениот, во својство на управител на правен субјект од Прилеп, ги повредил одредбите од Законот за работни односи и Колективниот договор на правното лице, со тоа што до 01.09.2022 година имал склучено договор за работа во Р.Хрватска, а истовремено не го имал прекинато работниот однос во јавно претпријатие од областа на комунална дејност од Прилеп, со што се стекнал со противправна имотна корист.

Можеби ќе ве интересира

Филипче побара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

ДЕСК

ДИПЛОМИРАЛЕ НАД 7.600 СТУДЕНТИ ВО 2025: Најмногу во бизнис, администрација и право

ДЕСК

АЛАРМАНТНИ БРОЈКИ ЗА МАКЕДОНИЈА: За три месеци починале речиси 2.000 лица повеќе отколку што се родиле

ДЕСК