Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба на претседателот Пендаровски со швајцарскиот претседател Игнасио Касис

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на 5. издание на Парискиот мировен форум, оствари средба со претседателот на Швајцарската Конфедерација, Игнасио Касис.

На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу двете држави кои од воспоставувањето на дипломатските односи се цврсто поставени на позитивен развоен колосек.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство што Швајцарија е меѓу најважните партнери на Северна Македонија во спроведувањето на реформи во клучни области како демократското управување, одржливиот економски развој, животната средина и одржливите јавни услуги.

Двајцата претседатели исто така разговараа и за регионалната соработка и за европската перспектива, за предизвиците на процесот на интеграција во ЕУ на земјава, како и на државите од Западен Балкан.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК