8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Попладне сончево, од утре метеоролозите најавуваат дожд, а некаде и снег – Метеоцентар со викенд прогноза

Денеска времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниска облачност и магла по котлините. Попладне сончево со мала до умерена облачност.

Утре времето ќе биде променливо облачно со умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.

Дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Прогноза за 12.11.2022
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 9°C до 16°C

Променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на планините повремен снег. Попладне ќе има сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од источен правец.

Прогноза за 13.11.2022
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 11°C до 17°C
Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Прогноза за 14.11.2022
Минимална температура: -2°C до 7°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.