Centar.mk
БИЗНИС

Маск за вработените во Твитер: Нема веќе работење од дома

Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, преку е-пошта ги известил вработените во компанијата да се подготват за „тешките времиња што претстојат“ и дека работата од дома е забранета, освен ако тој лично не го одобри тоа, објави денеска Bloomberg News.

Новите правила, кои стапуваат на сила веднаш, бараат од вработените да бидат во канцеларија најмалку 40 часа неделно, додаде Маск во е-поштата што ја видела агенцијата во Њујорк.

Тој рече дека „нема начин да се наслика“ економската перспектива или како тоа ќе влијае на „Твитер“ како компанија зависна од реклами.

Твитер е под водство на Маск речиси две недели, за кое време тој отпушти приближно половина од својата работна сила и повеќето поранешни високи менаџери.

Новиот шеф на оваа социјална мрежа ја подигна цената на претплата на опцијата Twitter Blue (пристап до премиум функции) на 8 долари, што вклучува проверка на корисникот.

Во е-пошта до вработените, Маск додаде дека сака претплатите да сочинуваат половина од приходите на Твитер.

Можеби ќе ве интересира

ОД ПОНЕДЕЛНИК НЕМА ДА РАБОТАТ ЕКСПОЗИТУРИТЕ НА АЛТА БАНКА – Воведен неделен лимит од 10.000 денари

ДЕСК

НОВИ ПРАШАЊА ЗА АЛТА БАНКА ВО СРБИЈА – Четворица вицегувернери бараат целосно утврдување на фактите

ДЕСК

ЗАВРШИ ПРЕСОТ НА СЛАВЕСКИ: Народната банка презема мерка за заштита на имотот на Алта Банка АД Битола и интересите на штедачите

ДЕСК