Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

158 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (09.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 158 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 76 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 82 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Успешно евакуирана третата група македонски државјани од Блискиот Исток

C +

Кузеска: Мицкоски лаже, како што лажеше за името, сега лаже и за ЕУ!

C +

Сали: Европската интеграција е заеднички проект на државата и општеството

C +