Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈА

Утре стабилно, а во петок ни доаѓа снегот – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

Утре ќе биде стабилно и претежно тивко со ниска облачност и магла по котлините. Попладне сончево со мала до умерена облачност.

Во Скопје претпладне со појава на магла и ниска облачност, преку денот сончево со умерена облачност.

Во петок ќе биде променливо облачно со умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Прогноза за 11.11.2022
Минимална температура: 1°C до 9°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Променливо облачно со умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.

Прогноза за 12.11.2022
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 9°C до 16°C

Променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на планините повремен снег. Попладне ќе има сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од источен правец.

Прогноза за 13.11.2022
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 11°C до 17°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

Добра вест: Дома се врати исчезнато 13 годишно девојче од Кочани

ДЕСК

71 годишен скопјанец со четирицикл се забил во ѕид од куќа во ноќни часови

ДЕСК

Тешка сообраќајка на улицата „Имер Призрени“ во Скопје – повредени две млади лица

ДЕСК