10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски од Струмица: Мицкоски покажа дека не се грижи за народот и државата, го интересираат само провизии

„Да не беа неодговорните блокади од ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски денес ќе имавме дополнителни 100 милиони евра од ЕБОР за поддршка на работата на ЕСМ во време на светска енергетска криза. Не го интересира Мицкоски ниту државата ниту граѓаните, само неговата фотелја во партијата и бизнис зделките, тендерите…“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Струмица.

Тој додаде дека Владата со нејзините политики успеа да обезбеди 80 милиони евра помош од ЕУ за справување со кризата, како и вклучување на Северна Македонија во заедничката набавка на гас и енергенси на ниво на ЕУ, а наспроти тоа од опозицијата доаѓаат само блокади.

„Е тоа е разликата меѓу мене и него, помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Ние работиме ден и ноќ за граѓаните, за државата, тие блокираат. За нас интересот на државата е на прво место, за нив партискиот интерес е единствено важен и ништо друго. Тоа е голема разлика, огромна“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека во најтешката економска и енергетска криза досега Владата направи клучни чекори со кои се обезбеди стабилност во енергетскиот сектор, но и поддршка за граѓаните и компаниите.

„ Електричната енергија за сите домаќинства и за 72.000 мали потрошувачи ја субвенционираме со 80% од реалната цена. Оваа струја е обезбедена од 100% домашно производство. Директно го поддржаме образованието, како врвна обврска на државата. 365 основни и 109 средни училишта и здравствените установи добиваат поевтина струја“ потенцираше Ковачевски.