15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец од Велес

На 08.11.2022 во 10.00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.М.(44) од Велес. Тој се сомничи дека на 05.11.20222 околу 22.40 часот на ул. „8-ми Септември“ во Велес со употреба на алат се обидел да изврши „тешка кражба“ од трафостаница на ЕВН, но не успеал. Притоа настанала експлозија откако се обидел да исече кабли. Лицето е приведено во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.