7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Партиципативно учество на граѓаните во креирањето на Буџетот на Општина Илинден за 2023 година

Општина Илинден го започнува процесот на изработка на новиот Буџет за 2023 година.

Врвен приоритет на Општина Илинден е транспарентно и одговорно работење во служба на граѓаните.

Посветени на оваа цел, ги повикуваме сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни лица за активно учество во креирање на новиот буџет со свои предлози за подобрување на условите за живот, да ги посочат предлозите, потребите и проблемите со кои се соочуваат во општината.

Ваквата инклузивна можност со директно учество од страна на сите граѓани, здруженија и правни лица ќе овозможи ефективни механизми за подобрување на квалитетот на локалните услуги и ќе воспостави процеси на одговорност, транспарентност и отчетност на локалната власт.

Ве повикуваме и охрабруваме сите Ваши предлози преку пополнување на анкетен лист на нашиот сајт www.ilinden.gov.mk да ни ги испратите по електронски пат на официјалната е-маил адреса ilinden@ilinden.gov.mk , или директно во архивата на општината секој работен ден до 30.11.2022 година.

Предлозите ќе бидат анализирани од соодветните сектори, согласно финансиските можности, остварливоста и издржливоста на проектите и ќе бидат интегрирани во нашите буџетски програми.