Centar.mk
фото Општина Илинден
ЛОКАЛНО

Градоначалникот Александар Георгиевски учествуваше на регионален форум посветен на Зелената агенда

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, учествуваше на регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“, кој се одржа во организација на Центарот за климатски промени, со поддршка од Владата на Швајцарија преку програмата „Цивика мобилитас“.

Градоначалникот Георгиевски беше дел од панел-дискусијата „Локални зелени приоритети како основа за инвестиции и економски раст“, заедно со градоначалниците на општините Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, Аеродром, Дејан Митевски, и Сопиште, Јане Мицевски.

Во своето обраќање, градоначалникот Георгиевски ги претстави реализираните проекти и идните приоритети на Општина Илинден во областа на енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија, управувањето со отпадот и развојот на зелената инфраструктура, со посебен осврт на проектите „Зелена Општина Илинден“ и „Светла Општина Илинден“.

Тој го истакна значењето на соработката со бизнис-секторот, граѓаните и соседните општини, и нагласи дека зелените инвестиции не претставуваат само вложување во заштитата на животната средина, туку и важен предуслов за одржлив економски развој, намалување на јавните трошоци и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Учеството на овој форум претставува можност за размена на искуства, зајакнување на меѓуопштинската соработка и развивање нови партнерства. Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со реализација на зелени и одржливи проекти, насочени кон заштита на животната средина, локален економски развој и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

фото Општина Илинден

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски: Бутел ја доби својата оаза – победи зеленилото наспроти бетонизацијата

ДЕСК

Вучевска Петковска: Крива Паланка тоне во долгови, а ветените мерки за пензионерите, бесплатниот оброк за учениците и пречистителната станица останаа само на хартија

ДЕСК

ОПШТИНИТЕ ПОТРОШИЛЕ 356 МИЛИОНИ ЕВРА НА ТЕНДЕРИ – Рекордни јавни набавки

ДЕСК