Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Маричиќ: Во минатото имаме правено многу потешки уставни измени

Вицепремиерот Бојан Маричиќ очекува дека до ноември другата година да бидат Бугарите веќе вменатни во Уставот. Тој посочува дека ако не ги направиме уставните измени, тогаш сами ќе бидеме што ќе бидеме блокирани. Според него, овој процес не е толку тежок, бидејќи потешко било во минатото кога се менувал Уставот.

„Јас сум оптимист дека до крајот на скринингот ќе ги завршиме уставните измени. Мислам дека е незамисливо кога ние сами би се блокирале. За првпат, блокадата е во наши раце. До сега била кај соседите, сега е во наши раце. Доколку ги направиме уставните измени, нема да има блокада, и веднаш ќе има втора меѓувладина седница. Ако не ги завршиме тие задачи, по завршување на скринингот, нема нова меѓувладина седница. Мислам дека сите ќе бидат на висина на задачата. Низ годините во минатото имаме правено многу потешки уставни имзени од овие сега“, кажа Маричиќ.

Тој посочи дека засега процесот за евроинтеграции на Македонија тече.

„Процесот на скринингот тече непречено, без разлика на исходот на било која средба. Вчерашната средба беше почеток на дијалогот. Скринингот ќе го спроведуваме до ноември наредната година. На крајот од оваа недела започнува билатералниот скрининг. Се подготвуваме интензивно. Парламентот има важна улога исто како и граѓанските организации, општините, академската заедница и секој има своја улога. Парламентот има силна улога поради европските реформи. Исто така ќе треба да се разговара за другите чекори, уставните измени, европските интеграции. Лесно е да се даде поддршка за европските интеграциии, но вистинската поддршка се покажува кога се носат тешките одлуки за државата“, додаде Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК