Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски – Григоријан: Поддршка од УНДП за натамошните чекори во евроинтеграциите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Армен Григоријан, постојан претставник на УНДП во земјава, придружуван од Хиронори Савада, амбасадорот на Јапонија во нашата држава.

На состанокот е изразена поддршка за натамошните чекори на Република Северна Македонија во интеграцијата кон Европската Унија.

Констатирано е дека УНДП може да помогне во пристапниот процес кон ЕУ, во рамки на реформите.

Исти така разговарано е за значењето на Националната стратегија за развој што ја спроведува УНДП во земјава и придонесот во развојот на демократско општество, унапредување на социјалната инклузија, во заштитата на животната средина, во делот на иновациите.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за континуираната поддршка од страна на УНДП, во изградбата на институциите, развојот на економијата, образованието, инфраструктурата, спроведувањето на зелената агенда во земјава, до денешниот придонес во напредокот на евроинтеграциите.

Претседателот на Владата, Ковачевски, рече дека Владата е фокусирана на решавањето на актуелните предизвици во областа на енергетиката и паралелно со тоа на евроинтеграцискиот процес, со цел да се осигура европски квалитет на живот за граѓаните.

На состанокот е разговарано и за пријателската и значајна соработка со Јапонија од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу двете држави, во пресрет на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Република Северна Македонија и Јапонија.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК