Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

ГОЛЕМА СПАСУВАЧКА АКЦИЈА ВО ТЕК КАЈ АЛДИНЦИ: Излетале од патот и паднале во провалија 20 метри, надлежните интервенираат (Фото)

Пред околу еден час на бројот 112 е добиен повик за помош на две лица кои со квадрицикл излетале надвор од земјен пат и паднале во бездна длабока околу 20 метри, после с. Алдинци во близина на вила Принц.

Од страна на ЦУК се известени и координирани МВР, Итната медицинска помош и Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.

Во тек е спасувачка мисија за извлекување на двете лица кои се наоѓаат во стабилна здравствена состојба со засега неидентификувани повреди.

На местото на несреќата е пристигната екипа на Итната медицинска помош но поради непристапноста на теренот се чека на тимот со специјална опрема од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, кој се движи кон местото на несреќата и треба да пристигне во секој момент.

Дополнително ќе известиме за секој нов момент.

Можеби ќе ве интересира

ОБЈАВЕНИ НЕРАБОТНИТЕ ДЕНОВИ ЗА 2027 ГОДИНА – Пет продолжени викенди, два празника паѓаат во сабота, еве го целосниот список

ДЕСК

УЖАС: СЕМЕЈНА ДРАМА ВО СКОПЈЕ – 22-годишна жена пријавила дека сопругот ја нападнал и им ја зел малолетната ќерка

ДЕСК

ПРИЈАВЕНИ ФИЗИЧКИ НАПАДИ ВО СКОПЈЕ – Нападнат 61-годишен маж, во друг случај две малолетни деца

ДЕСК