Centar.mk
ЛОКАЛНО

Утре без вода делови на Центар

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека утре (вторник), поради санирање дефект на приклучок на цевка од ф2 на улицата Тетовска бр. 38, прекинато водоснабдување имаат корисниците на следните улици: Тетовска, Стив Наумов, Свештарот, дел од булеватот Кочо Рацин, Полициската станица Пролеќе, амбулантата „Пролеќе“, градинката и СУГС Гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување на дефектот (општина Центар).

Можеби ќе ве интересира

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

65% реализиран проект: Модернизација на пругата во Скопје

ДЕСК

Герасимовски: Бесплатни прегледи, спортски игри и активности со младите, пензионерите активно учествуваат во проектите на Центар

ДЕСК