Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Тачи нема да условува со бришење на формулацијата „20 проценти“

Лидерот на владеачката ДПА Мендух Тачи очекува конструктивна дебата од лидерската средба со парламентарните партии закажана од премиерот Димитар Ковечевски. А според Тачи би било добро да се постигне консензус меѓу власта и опозицијата за конечно и дефинитивно да се затворат блокадите за евроинтеграцискиот пат на земјава. На прашањето дали ДПА ќе постави услов и тема на лидерската која е свикана за одблокирање на евроинтеграцскиот процес и за внес на Бугарите во Уставот, лидерот на ДПА истакна дека нивен е предлогот за бришење од Уставот на формулацијата „20 проценти“ и за тоа веќе зборел и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

– Добро е конечно во Македонија да се зборува и за идентитетот на Албанците, односно за тргање на формулацијата „20 проценти“ и нејзина замена со албански јазик, но во овој случај ДПА не смета дека со ова барање треба да се условоува. Сега е важно да постигнеме консензус за одблокирање на евроинтегративниот пат на земјава. Јас за ова веќе разговарав со Ахмети а ако се постигне консензус за Уставот после тоа ќе разговарам и со нашиот коалициски партнер Ковачевски и со опозицискиот лидер за ова прашање – изјави Тачи.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК