Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претседателот Пендаровски се обрати на презентацијата на Извештајот за човековиот развој на УНДП

Претседателот Стево Пендаровски денеска беше домаќин на презентацијата на Извештајот за човековиот развој 2021/2022 на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), насловен како „Неизвесни времиња, несигурни животи, обликување на нашата иднина во светот што се менува“.

Осврнувајќи се на негативните тенденции кои преовладуваат како резултат на низа надворешни влијанија и внатрешни фактори, претседателот Пендаровски истакна дека извештајот на УНДП ги посочува критичните точки на кои мора да се фокусираме за да надоместиме за изгубените години и да постигнеме повисок степен на развој, односно дека може да биде патоказ во овие несигурни времиња

„За да ја постигнеме целта: повисоко ниво на човечки развој за сите македонски граѓани, потребни се три работи: прво, соочување со реалноста, второ, обмислување на решенија, и трето и најважно, политичка волја да ги направиме неопходните промени. Индексот на УНДП нè соочува со реалноста. Развојните стратешки документи ни ги даваат решенијата. Започнатите преговори за членство во Европската унија значат дополнителен мотив за суштински реформи“, рече претседателот во обраќањето.

На настанот се обрати и постојаниот претставник на УНДП во Северна Македонија, Армен Григорјан, а извештајот беше презентиран од страна на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС).

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК